Emre Gürkan Abay
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
МОСКВА (АА) - Трговската размена меѓу Русија и Европската унија (ЕУ) во првите два месеци од оваа година се зголеми за 43 отсто во споредба со истиот период минатата година, а се зголеми на 36,4 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на рускатата Федерална царинска служба (FTS), освен вкупната трговија, извозот на Русија во ЕУ, за истиот период се зголеми за 48 отсто, а тоа е зголемување на 26,6 милијарди долари. Во исто време, увозот од ЕУ се зголеми за 31 отсто, со бројка од 9,8 милијарди долари.
Поголем процент на трговската размена меѓу Русија и ЕУ во првите два месеци, придонесе за вкупниот годишен промет, односно се зголеми на 46 отсто.
ЕУ на 1 август 2014 година, воведе санкции против Русија поради активностите на земјата во источниот дел на Украина. Русија како одговор на ова воведе санкции во земјите на ЕУ во прехранбеното производство, не дозволувајќи влез на производите на ЕУ во Русија.