Muhammet Kurşun
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.425, со зголемување од 74 во текот на последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 74 лица, а регистрирани се 2.095 новозаразени.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.425, Лари рече дека бројот на заразени се искачил на 175.927.
Портпаролката соопшти дека 2.639 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додека излекувани и отпуштени од болница се 138.457 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Таа исто така нагласи дека досега во земјата се направени вкупно 1.128.601 тестирањe за Ковид-19.
Во Иран на почетокот од мај бројот на евидентирани случаи беше намален на под 800.
Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 повторно почна да се зголемува.