Muhammet Kurşun
13 Февруари 2021•Ажурирај: 14 Февруари 2021
ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 58.883, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 74 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 58.883.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 7.120 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 1.510.873.
Според Лари, 3.720 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 1.291.726 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 9.993.224 тестирања за Ковид-19.