Şerife Çetin
08 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека ќе се потпише една заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Европската Унија (ЕУ) и НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, во изјава за медиумите, во рамките на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, нагласи дека високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, учествувала на сесијата во која се разговарало за соработката меѓу ЕУ и НАТО.
Столтенберг рече дека соработката меѓу ЕУ и НАТО во последните години достигнала ниво коешто претходно не било видено.
„Со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во јули ќе потпишеме една заедничка декларација со која ќе се унапредува соработката“, додаде тој.
Како што рече тој, ЕУ и НАТО имаат соработка во 74 различни области. Тој нагласи дека над 90 отсто од жителите на ЕУ живеат во една земја на НАТО, затоа постојат заеднички интереси и испити.