Aşkın Kıyağan
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ВИЕНА (АА) - Австрискиот премиер Карл Нехамер ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган во рамки на Самитот на лидерите на НАТО што ќе се одржи во Мадрид, главниот град на Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од премиерот до Австриската новинска агенција (АПА) се истакнува дека Нехамер ќе се сретне со претседателот Ердоган во рамки на Самитот што ќе се одржи на крајот на јуни.
Во соопштението се наведува дека на Самитот што ќе се одржи во Мадрид се поканети земји на Европската Унија (ЕУ) кои не се членки на НАТО и дека Нехамер според тоа добил покана да оди во Шпанија.
Исто така, посочено е дека во телефонските разговори на двајцата лидери во изминатите недели станало збор за билатералните односи, како и за руско-украинската војна, при што е нагласено дека односите меѓу двете земји се развиваат позитивно.
- Во локалните медиуми голем интерес за изјавата -
Изјавата, која доби широка покриеност во медиумите во земјата, ги вклучува и оценките на Нехамер.
„Како резултат на бројните состаноци со украинскиот претседател Владимир Зеленски, на мојот разговор со рускиот претседател Владимир Путин и на моите телефонски разговори со претседателот Ердоган, верувам дека процесот во Истанбул продолжува да биде најдобрата шанса за мир во Европа.“
- Контакти на високо ниво -
Односите меѓу двете земји постигнаа напредок во согласност со преговорите одржани на различни нивоа во последниот период.
Учеството на австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг, на Форумот за дипломатија во Анталија и телефонските разговори на Нехамер со претседателот Ердоган пред и по неговата посета на Русија на 12 април придонесоа за позитивен напредок на односите меѓу двете земји.