Dilara Hamit
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
РИЗE (АА) - Две лица загинаа, а 11 се повредени денес во поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд во турскиот регион на Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека спасувачките тимови се соочуваат со проблеми за да стигнат до 12 села, и дека во регионот се ангажирани сите единици за спасување.
Лицата повредени во лизгањето на земјиштето во две села во областа Чајели се хоспитализирани.
Сојлу рече дека активностите за пребарување и спасување на едно лице, кое е пријавено како исчезнато, се во тек. Но, подоцна, беше соопштено дека спасувачките тимови го пронашле телото во околината на неговиот дом.
Надлежните соопштија дека многу домови се оштетени, додека три се целосно уништени.
Во регионот врнежите од дожд продолжуваат.