Faruk Zorlu,Havva Kara Aydın
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
АНКАРА
Аја Софија ќе биде подобро сочувана по одлуката на Турција да ја претвори во џамија откако неколку децении беше музеј, изјави денес портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите карактеристики на Аја Софија ќе бидат сочувани. Ќе биде и подобро заштитена“, изјави Челик по состанокот на членовите на партијата.
Тој додаде и дека официјалните претставници на УНЕСКО би требале да знаат дека Турција е подготвена за секаков вид на соработка за да го заштити универзалното наследство на Аја Софија.
Турскиот суд во петокот дoнесе одлука за поништување на документите од 1934 година со кои Аја Софија е претворена во музеj, со што е отворен патот повторно да биде џамија, по 85 години.
Со векови служеше како црква во рамките на Византиското царство, а во џамија е претворена по освојувањето на Истанбул во 1453 година. Но тогашните турски власти во 1934 година, донесоа одлука за претворање на Аја Софија во музеј.