Şerife Çetin
04 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) – Жозеп Борел, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), ги повика Косово и Србија да започнат дијалог за нормализирање на односите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел во писмената изјава, честитајќи за новата коалициска Влада во Косово, истакна дека сакаат да ја подобрат соработката меѓу ЕУ и Косово и дека Унијата ќе продолжи да работи со народот и институциите на Косово.
„Важно е да се развие регионална соработка и добрососедски односи. Во оваа рамка очекуваме повторно да започне и процесот за дијалог помеѓу Белград и Приштина. Оваа ситуација не може да се одржи. Преговорите што ќе ги нормализираат односите меѓу страните треба да започнат што е можно побрзо“, нагласи Борел.
Во косовското Собрание, скоро 4 месеци по изборите, беше изгласана коалициската Влада. Предвремените парламентарни избори беа одржани на 6 октомври минатата година. Со 66 гласа „за“ пратениците на Собранието на Косово ја изгласаа новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Куртин, лидерот на Движењето „Самоопределување“.